НИПП-ДЕН 2023

НИПП-ДЕН 2023

Традиционално, четврти пат по ред, во организација на Агенцијата за катастар на недвижности беше одбележан 24 февруари – Денот на НИПП во Република Северна Македонија. По тој повод беше организирана конференцијата НИПП-ДЕН 2023, оваа година под мотото „Јавните геопросторни податоци – основа за одржливо општество“.

Конференцијата ја отвори директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, Борис Тунџев, а свое обраќање пред присутните имаше и заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи кој воедно е и претседател на Советот на НИПП.

Првата сесија од конференцијата насловена како „Трендови во областа на геопросторните податоци“ понуди интересни презентации преку кои учесниците можеа да се запознаат со: ИНСПИРЕ-директивата која овозможува податоци за Зелената агенда, Регистарот на збирки на просторни податоци, апликацијата “On Map Hub“, како и новитетите во областа на отворените податоци.

Во рамките на втората сесија, преку четири презентации беше изложена новата Стратегија за НИПП за периодот 2023-2025 година.

На конференцијата учествуваа претставници од субјектите во НИПП, академската заедница, претставници од шведскиот катастар и други гости.