Посета на претставници од шведската амбасада на Агенцијата за катастар за недвижности

Посета на претставници од шведската амбасада на Агенцијата за катастар за недвижности

На 23.2.2023 година во посета на Агенцијата за катастар на недвижности беа претставници на шведската амбасада во Република Северна Македонија Микаел Атерхег (Mikael Atterhög), раководител на одделот за шведската развојна соработка, Илва Јонсон (Ylva Jonsson), втор секретар во амбасадата и Јенс Тулин (Jens Thulin), контролор, како и претставниците на шведскиот катастар.

На работниот состанок се разговараше за статусот на проектот „Соработка за дигитална демократија“ кој е финансиран од страна на Шведската развојна агенција, а реализатори се Агенцијата за катастар на недвижности и шведскиот катастар.

Беа презентирани реализираните активности и се дискутираше за активностите по компоненти кои согласно со проектниот работен план треба да се завршат до крајот на јуни 2023 година. Директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, г. Тунџев истакна дека од исклучителна важност за Агенцијата е поддршката од Шведската развојна агенција и соработката со Лантматериет бидејќи преку оваа соработка се реализираа повеќе развојни проекти кои беа во функција за реализација на стратешките приоритети на институцијата.

Од страна на претставниците на шведската амбасада беше изразено задоволство од досегашната соработка, како и имплементација на проектот и постигнатите резултати.