Врз основа на член 42 став 3 од Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост („Службен весник на Република Македонија“ бр. 78/15, 106/15, 153/15, 190/16 и 21/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 101/19 и 275/19) и Одлуката за давање согласност за спроведување постапка за избор на правно лице кое врши дејност или поседува дозвола за собирање и/или транспортирање, преработка, рециклирање и уништување на отпад на Владата на Република Северна Македонија бр. 41- 1453/4 од 15.02.2023 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 38/23 од 21.02.2020 година), Агенцијата за катастар на недвижности објавува
ЈАВЕН ПОВИК
за избор на правно лице кое врши дејност или поседува дозвола за собирање и/или транспортирање, преработка, рециклирање и уништување на отпад
Критериум за избор на правно лице е рокот за преземање на движните ствари предмет на јавниот повик.
Преземањето на движните ствари е без надоместок.
Избраното правно лице на јавниот повик има обврска да изврши преземање на движните ствари – електронска, електрична и информатичка опрема, како и канцелариска опрема, предмет на јавниот повик од наведените локации и да ги транспортира како отпад на соодветен начин, согласно со законските прописи.
Движните ствари се наоѓаат на следниве локации: во Агенцијата за катастар на недвижности (генерална дирекција), Центарот за катастар на недвижности – Скопје, како и подрачните одделенија за катастар на недвижности во Куманово, Делчево, Берово, Неготино, Виница, Битола, Кочани, Тетово, Струмица и Прилеп.
Право на учество на јавниот повик имаат сите домашни правни лица кои поседуваат важечка дозвола за собирање и/или транспортирање, преработка, рециклирање и уништување на отпад, издадена од надлежен орган.
Лица за контакт во врска со јавниот повик се: Бојан Анастасов, тел. +389 2 3204 816, електронска адреса: b.anastasov@katastar.gov.mk и Стефанија Анастасовска, тел. +389 076 456 960, електронска адреса: s.jovanova@katastar.gov.mk.
Подетални информации за движните ствари (листа на движни ствари), како и потребната документација во врска со јавниот повик може да се подигне лично од Агенцијата за катастар на недвижности ул. „Трифун Хаџи Јанев“ бр. 4, 1000 Скопје или електронски преку следнава врска (link) https://www.katastar.gov.mk, објавен на веб-страницата на Агенцијата за катастар на недвижности.
Краен рок за доставување на пријавите за учество е 03.03.2023 година до 16:30 часот.
АГЕНЦИЈА ЗА КАТАСТАР НА НЕДВИЖНОСТИ



