Работен состанок на Агенцијата за катастар на недвижности и Комората на трговски друштва за геодетски работи

Работен состанок на Агенцијата за катастар на недвижности и Комората на трговски друштва за геодетски работи

На барање на Комората на трговски друштва за геодетски работи на РМ, денес во просториите на Агенцијата за катастар на недвижности (АКН) беше одржан работен состанок на кој присуствуваа директорот на АКН Борис Тунџев, заменик на директорот на АКН Арбен Ќерими, претседателот на Комората на трговски друштва за геодетски работи на РМ Никола Рибароски, секретарот на Комората на трговски друштва за геодетски работи Наташа Тримпаревска и членови на Управниот одбор на Комората. Тема на состанокот беа точките од дневниот ред, предложен од Комората и дискутирано беше по однос на новите Предлог-законски решенија на АКН, Предлог-тарифникот за висината на надоместокот за извршени геодетски работи од страна на геодетските друштва за геодетски работи и др.

На состанокот постигната е согласност, Комората на трговски друштва за геодетски работи на РМ да преземе соодветни активности кои се во нивна надлежност и да достави Предлог-тарифник за висината на надоместокот за извршени геодетски работи од страна на геодетските друштва за геодетски работи до Управниот одбор на Агенцијата за катастар на недвижности.