
Шестата седница на Советот за НИПП со која претседаваше нејзиниот претседател, Фатмир Битиќи-Заменик претседател на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, се одржа на 26.12.2022 година.
На седницата беа разгледани повеќе актуелни прашања поврзани со реализираните активности во 2022 година, преточени во извештајот за реализација на Годишната програма за НИПП за 2022 година. Исто така, посебно внимание беше посветено и на активностите планирани за реализација во 2023 година. Овие активности се дел од Предлог-годишната програма за НИПП за 2023 година.
За Предлог-годишната програма за НИПП за 2023 година, Советот донесе позитивно мислење, со што е исполнет условот за нејзиното донесување од страна на Владата на Република Северна Македонија.
На седницата, со особено внимание беше разгледана стратегијата за НИПП за периодот 2023-2025 година, во која се поставени стратешки цели и активности за четирите компоненти, кои се нејзин дел за тој период и кои го трасираат патот за понатамошен развој на Националната инфраструктура на просторните податоци.



