Средба на македонскиот и грчкиот катастар

Средба на македонскиот и грчкиот катастар

На 15 декември 2022 година во Атина беше остварена билатерална средба помеѓу директорот на Агенцијата за катастар на недвижности Борис Тунџев и претседателот на Грчкиот катастар Статхакис Димитрис.

На оваа прва средба помеѓу раководните лица на двата катастри, беа разменети информации за делокругот на работење на двете институции, со што беа идентификувани областите за идна меѓуинституционална соработка.

Грчката страна ги презентираше статистичките податоци во врска со катастарот, беше потенцирана соработката со адвокатите и нотарите во процесот на регистарција и трансакции со недвижностите, користењето на ГНСС системот (ГЛОНАС и ГАЛИЛЕО) при преме-рување на катастарските парцели, а беше нагласена и соработката со ИНСПИРЕ геопорталот на кој се објавени катастарските податоци.

Македонската страна пак, меѓу другото, ги презентираше развојот на македонскиот катастар, електронските системи за катастар, изработката на геодетските елаборати, ОССП порталот за дистрибуција на податоци, НИПП геопорталот.

На оваа значајна средба, беше договорено соработката да продолжи и во иднина. Наскоро ќе биде потпишан и Меморандум за соработка помеѓу двете институции.