На 13 и 14 декември 2022 година во Атина беше одржано првото издание на Интернационалната научна конференција на Европските геодети. Конференцијата беше во организација на ЕгоС – Европска група на геодети и ФИГ – Интернационалната федерација на геодети (Комисија 3 – Менаџирање со просторни информации и Комисија 8 – Просторно планирање и развој).


Работилницата со тема „Просторни информации и планира-ње во свет кој се соочува со повеќе кризи – од геодетска перспекти-ва“, беше организирана во пет технички сесии. На нив, беа изложени дваесет и шест презентации, меѓу кои и презентацијата на Агенцијата за катастар на недвижности под наслов „Анализа на процесот на легализација на згради“.
На настанот беа споделени искуства и информации за просторните информации и нивниот продонес во развојот во општеството. Исто така, беа адресирани и повеќе прашања од областа на управување со земјиштето, новите аспекти на географските информации и друго.



