Конференција „95 години геодетски премер и 75 години геодетска управа“, 13-15 октомври 2022 година, Скопје

Конференција „95 години геодетски премер и 75 години геодетска управа“, 13-15 октомври 2022 година, Скопје

По повод јубилејот „75 години геодетска управа и 95 години геодетски премер“, Агенцијата за катастар на недвижности организираше конференција, која се одржа во Скопје, од 13 до 15 октомври 2022 година.

Целта на оваа конференција беше да се одбележат двата важни јубилеи, 75 години геодетска управа и 95 години геодетски премер во Република Северна Македонија, но и да се разменат искуства од областа на катастарот на недвижности и инфраструктурата на просторни податоци меѓу земјите од регионот и пошироко.
Конференцијата предизвика огромен интерес во регионот и Европа. На неа присуствуваа голем број видни гости од партнерски и сродни организации од регионот, како и од водечките организации кои ги претставуваат европските национални организации за мапирање и регистрација на земјиштето.

Беа презентирани стручни видувања за сегашноста и иднината на геодетската професија и катастарот и визии за воспоставувањето на модерен и функционален катастар кој ќе ги подобри сервисните услуги за бизнис заедницата и за професионалните корисници.
Агенцијата за катастар на недвижности публикуваше и пригодна монографија, како и зборник на трудови кои дополнително го збогатија јубилејот, а може да се најдат на веб страницата на АКН.