Изложбата во организација на Агенцијата за катастар на недвижности во рамките на одбележувањето на јубилеите „95 години геодетски премер и 75 години Геодетска управа“ беше дел од музејските постановки на НУ Музеј на македонската борба за самостојност во Скопје

Во рамките на одбележувањето на јубилеите „95 години геодетски премер и 75 години Геодетска управа“ на тридневната меѓународна конференција, Агенцијата за катастар на недвижности, постави изложба на геодетските алатки, карти и други материјали, инструменти кои се користени низ историјата, како и документите за основање на Геодетската управа.

Изложбата, беше подготвена во соработка со НУ Музеј на македонската борба за самостојност. Таа предизвика огромен интерес кај присутните на конференцијата, а од 15 до 31 октомври беше дел од музејските постановки на НУ Музеј на македонската борба за самостојност во Скопје.

Старите годетски инструменти и документи предизвика голем интерес и во пошироката јавност. Агенцијата за катастар на недвижности ќе работи до целосно комплетирање на сите вредни историски геодетски алатки кои ги поседува, а кои го отсликуваат развојот на годетската и катастарска дејност во Република Северна Македонија и ќе оформи постојана постановка која ќе биде сместена во просториите на Агенцијата за катастар на недвижности.