Во рамките на одбележувањето на јубилеите „95 години геодетски премер и 75 години Геодетска управа“ во рамките на тридневната меѓународна конференција, Агенцијата за катастар на недвижности, организираше музејска постановка на геодетските алатки, карти и други материјали, инструменти кои се користени низ историјата, како и документите за основање на Геодетската управа.


Изложбата, подготвена во соработка со НУ Музеј на македонската борба за самостојност во Скопје, која предизвика огромен интерес кај присутните на конференцијата „95 години геодетски премер и 75 години Геодетска управа“, од 15 до 30 октомври ќе биде дел од музејските постановки на НУ Музеј на македонската борба за самостојност во Скопје (работи секој ден, освен понеделник).


Агенцијата за катастар на недвижности ги поканува сите колеги геодети, студенти по геодезија и градежништво, ученици, заинтересирани и добронамерници, да ја посетат бесплатната изложба на овие вредни историски геодетски алатки кои што го отсликуваат развојот на годетската и катастарска дејност во Република Северна Македонија.



