14 Регионална конференција за катастар и инфраструктура на просторни податоци

14 Регионална конференција за катастар и инфраструктура на просторни податоци

На 21 и 22 септември 2022 година, во Лашко (Словенија) се одржа редовната 14 Регионална конференција за катастар и инфраструктура на просторни податоци, под мотото: „Дали сме подготвени за предизвиците што доаѓаат“. На конференцијата учествуваа претставници од речиси сите национални агенции за катастар и картографија од балканскиот регион, од организациите: Eurogeographics, Euro SDR, Меѓународната асоцијација за картографија (ICA), како и претставници на некои партнерски институции од земјите донатори во регионот (Lantmäteriet – Шведска и Kadaster – Холандија). 

На конференцијата, Агенцијата за катастар на недвижности ги презентираше своите достигнувања во изминатата година, како и идните планирани активности, согласно Стратешкиот план на Агенцијата за периодот 2023-2025 година.

Во еден дел од настанот беа организирани и тркалезни маси на кои присутните дискутираа за можните полиња на идна соработка, како и за приоритетите на секоја институција посебно и можните заеднички проекти за кои би се барала поддршка од донаторите кои ги подржуваат активностите во регионот.

Во рамките на конференцијата македонската делегација учествуваше и на јубилејниот 50-ти Ден на геодетите во Република Словенија.