На 13 и 14 септември 2022 година во Брисел, се одржа годишниот технички состанок на производителите на „EuroGeographics“ продуктите. Домаќин беше Националниот географски институт од Белгија. На состанокот учествуваа претставници од повеќе европски земји, меѓу кои и претставници на Агенцијата за катастар на недвижности, која секоја година учествува во производството и ажурирањето на податоците на овие продукти.
Во рамките на состанокот беа разменети информации помеѓу регионалните координатори и земјите произведувачи на „ЕuroBoundaryMap“, „EuroRegionalMap“ и „ЕuroGlobalMap“ продуктите. Беа одржани и интерактивни сесии, каде што производителите на податоците разговараа во врска со продуктите, начините на подобрување на квалитетот на податоците и решавањето на проблемите со кои се соочиле при работата. Беа одржани и тркалезни маси на три клучни теми: Размена на знаења за алатки и процеси; Иднината на производството на податоци и Подобрувања во тековното производство. На овие сесии имаше можност производителите на податоците, преку непосредни дискусии да бидат директно вклучени во креирањето на идните проектни активности.



