Почитувани,
Агенцијата за катастар на недвижности, на 30.09.2022 година (петок), со почеток од 13:00 часот, ќе ја организира втората задолжителна обука за 2022 година, наменета зa трговците поединци – овластени геодети, на следните теми:
- ПРЕБАРУВАЊЕ И ПРЕЗЕМАЊЕ НА ГЕОПРОСТОРНИ ПОДАТОЦИ ОД НИПП ГЕОПОРТАЛОТ и
- КАТАСТАР НА ИНФРАСТРУКТУРНИ ОБЈЕКТИ СО ПОСЕБЕН ОСВРТ НА ИЗРАБОТКА НА ГЕОДЕТСКИТЕ ЕЛАБОРАТИ
Заради примена на препораките на Владата на Република Северна Македонија за заштита од COVID 19 вирусот, обуката ќе се одвива on-line преку платформата “ZOOM“.
Целосното соопштение е достапно на следниов линк.



