Отпочнување на теренски активности за прибирање на графички и атрибутни податоци за улици и куќни броеви во преостанатите 29 општини

Отпочнување на теренски активности за прибирање на графички и атрибутни податоци за улици и куќни броеви во преостанатите 29 општини

Агенцијата за катастар на недвижности, продолжува со активностите за воспоставување на Графичкиот регистар за улици и куќни броеви, кој е основа за формирање на Адресен регистар, како единствен и авторитативен извор на адресна информација во Република Северна Македонија.

Во рамките на проектот „Соработка за дигитална демократија“, финансиран од Кралството Шведска, продолжува теренското прибирање на графички и атрибутни податоци за улици и куќни броеви, во функција на воспоставување на Графичкиот регистар за улици и куќни броеви за преостанатите 29 општини. Ангажирана е фирма која ќе ги изведува теренските активности.

Теренското прибирање на податоци за улици и куќни броеви ќе се реализира во период од средина на август 2022 година до крај на февруари 2023 година. Во овој период ќе бидат опфатени следниве општини со населени места:

  1. Од 26.9.2022 година до 4.11.2022 година – Општина Новаци (населени места: Арматуш, Балдовенци, Бач, Биљаник, Брник, Брод, Будимирци, Велесело, Врањевци, Гермијан, Гнеотино, Гнилеш, Горно Агларци, Градешница, Грумази, Груништа, Далбеговци, Добровени, Добромири, Долно Агларци, Долно Орехово, Живојно, Зовиќ 1, Зовиќ 2, Ивени, Маково, Мегленци, Новаци, Ново Село, Орле, Паралово, Петалино, Полог, Рапеш, Рибарци, Скочивир, Сливица, Совиќ, Старавина, Суво Дол и Тепавци);
  2. Од 1.9.2022 година до 16.9.2022 година – Општина Пласница (населени места: Дворци, Лисичани, Пласница и Преглово);
  3. Од 12.9.2022 година до 7.10.2022 година – Општина Василево (населени места: Ангелци, Варварица, Василево, Висока Маала, Владиевци, Градошорци, Доброшинци, Дукатино, Едрениково, Кушкулија, Нивичино, Нова Маала, Пиперево, Радичево, Седларци, Сушево, Требичино и Чанаклија);
  4. Од 5.9.2022 година до 21.10.2022 година – Општина Маврово и Ростуше (населени места: Аџиевци, Беличица, Бибај, Битуше, Богдево, Болетин, Велебрдо, Видуше, Волковија, Врбен, Врбјани, Галичник, Грекај, Дуф, Жировница, Жужње, Јанче, Кичиница, Кракорница, Лазарополе, Леуново, Маврови Анови, Маврово, Нивиште, Никифорово, Нистрово, Ничпур, Ново Село, Орќуше, Присојница, Рибница, Росоки, Ростуше, Селце, Сенце, Скудриње, Сретково, Сушица, Тануше, Требиште, Тресонче и Церово);
  5. Од 29.8.2022 година до 20.10.2022 година – Општина Могила (населени места: Алинци, Беранци, Будаково, Вашарејца, Горна Чарлија, Дедебалци, Добрушево, Долна Чарлија, Долно Српци, Ивањевци, Лознани, Могила, Мојно, Мусинци, Новоселани, Ношпал, Подино, Путурус, Радобор, Свето Тодори, Трап, Трновци и Црничани;
  6. Од 12.9.2022 година до 28.10.2022 година – Општина Липково (населени места: Алашевце, Белановце, Ваксинце, Виштица, Глажња, Гошинце, Думановце, Злокуќане, Извор, Липково, Лојане, Матејче, Никуштак, Опае, Оризари, Отља, Р‘нковце, Ропалце, Руница, Слупчане, Стража и Стрима);
  7. Од 15.8.2022 година до 26.8.2022 година – Општина Богданци (населени места: Богданци, Ѓавато, Селемли и Стојаково);
  8. Од 22.8.2022 година до 26.9.2022 година – Општина Босилово (населени места: Бориево, Босилово, Гечерлија, Дрвош, Еднокуќево, Иловица, Моноспитово, Петралинци, Радово, Робово, Сарај, Секирник, Старо Балдовци, Турново, Хамзали и Штука);
  9. Од 19.9.2022 година до 3.11.2022 година – Општина Брвеница (населени места: Блаце, Брвеница, Волковија, Гургурница, Долно Седларце, Милетино, Радиовце, Стенче, Теново и Челопек);
  10. Од 19.9.2022 година до 24.10.2022 година – Општина Чешиново – Облешево (населени места: Бања, Бурилчево, Врбица, Жиганци, Кучичино, Лепопелци, Ново Селани, Облешево, Соколарци, Спанчево, Теранци, Уларци, Чешиново и Чифлик);
  11. Од 15.9.2022 година до 9.11.2022 година – Општина Делчево (населени места: Бигла, Ветрен, Вирче, Вратиславци, Габрово, Град, Делчево, Драмче, Ѕвегор, Илиово, Киселица, Косово Дабје, Нов Истевник, Очипала, Полето, Разловци, Селник, Стамер, Стар Истевник, Тработивиште, Турија и Чифлик);
  12. Од 26.9.2022 година до 12.10.2022 година – Општина Демир Капија (населени места: Барово, Бесвица, Бистренци, Демир Капија, Драчевица, Дрен, Иберли, Клисура, Копришница, Корешница, Кошарка, Прждево, Стрмашево, Челевец и Чифлик);
  13. Од 12.9.2022 година до 1.11.2022 година – Општина Долнени (населени места: Бело Поле, Браилово, Вранче, Горно Село, Гостиражни, Дабјани, Дебреште, Десово, Долгаец, Долнени, Дреновци, Дупјачани, Жабјани, Житоше, Забрчани, Заполжани, Зрзе, Костинци, Кошино, Кутлешево, Лажани, Локвени, Мало Мраморани, Магари, Небрегово, Новоселани, Пешталево, Рилево, Ропотово, Сарандиново, Секирци, Сенокос, Слепче, Сливје, Средорек, Стровија и Црнилиште);
  14. Од 26.9.2022 година до 8.11.2022 година – Општина Јегуновце (населени места: Беловиште, Вратница, Жилче, Јажинце, Јанчиште, Јегуновце, Копанце, Орашје, Подбреге, Прељубиште, Раотинце, Ратае, Рогачево, Сиричино, Старо Село, Туденце и Шемшево);
  15. Од 22.8.2022 година до 23.9.2022 година – Општина Карбинци (населени места: Аргулица, Батање, Вртешка, Голем Габер, Горни Балван, Горно Трогерци, Долни Балван, Долно Трогерци, Ебеплија, Јунузлија, Калаузлија, Карбинци, Кепекчелија, Козјак, Крупиште, Курфалија, Кучилат, Кучица, Мал Габер, Мичак, Муратлија, Нов Караорман, Оџалија, Припечани, Прналија, Радање, Руљак, Таринци и Црвулево);
  16. Од 26.9.2022 година до 7.10.2022 година – Општина Конче (населени места: Габревци, Гарван, Горна Враштица, Горни Липовиќ, Дедино, Долна Враштица, Долни Липовиќ, Долни Радеш, Загорци, Конче, Лубница, Негреновци, Ракитец и Скоруша);
  17. Од 1.9.2022 година до 9.11.2022 година – Општина Крива Паланка (населени места: Б‘с, Баштево, Борово, Варовиште, Габар, Голема Црцорија, Градец, Длабочица, Добровница, Дренак, Дрење, Дурачка Река, Жидилово, Киселица, Конопница, Костур, Кошари, Крива Паланка, Кркља, Крстов Дол, Лозаново, Луке, Мала Црцорија, Мартиница, Метежево, Мождивњак, Нерав, Огут, Осиче, Подржи Коњ, Станци, Т‘лминци, Трново и Узем);
  18. Од 26.9.2022 година до 21.10.2022 година – Општина Кривогаштани (населени места: Бела Црква, Боротино, Воѓани, Врбјани, Годивле, Кореница, Кривогаштани, Крушеани, Мирче Ацев, Обршани, Пашино Рувци, Подвис и Славеј);
  19. Од 22.9.2022 година до 28.10.2022 година – Општина Ново Село (населени места: Бадолен, Бајково, Барбарево, Борисово, Дражево, Зубово, Колешино, Мокриево, Мокрино, Ново Коњарево, Ново Село, Самоилово, Смолари, Старо Коњарево, Стиник и Сушица);
  20. Од 15.8.2022 година до 6.9.2022 година – Општина Ранковце (населени места: Баратлија, Ветуница, Вржогрнци, Герман, Гиновци, Гулинци, Криви Камен, Љубинци, Милутинце, Одрено, Опила, Отошница, П‘клиште, Петралица, Псача, Радибуш, Ранковце и Станча);
  21. Од 22.8.2022 година до 26.10.2022 година – Општина Ресен (населени места:  Арвати, Асамати, Болно, Брајчино, Волкодери, Горна Бела Црква, Горно Дупени, Горно Крушје, Грнчари, Долна Бела Црква, Долно Дупени, Долно Перово, Дрмени, Евла, Езерани, Златари, Избишта, Илино, Јанковец, Козјак, Коњско, Крани, Кривени, Курбиново, Лавци, Лева Река, Лескоец, Љубојно, Наколец, Отешево, Петрино, Подмочани, Покрвеник, Прељубје, Претор, Рајца, Ресен, Сливница, Сопотско, Стење, Стипона, Царев Двор, Штрбово и Шурленци);
  22. Од 1.9.2022 година до 12.10.2022 година – Општина Росоман (населени места: Дебриште, Камен Дол, Крушевица, Манастирец,  Мрзен Ораовец, Паликура, Рибарци, Росоман, Сирково и Трстеник);
  23. Од 8.11.2022 година до 23.9.2022 година – Општина Старо Нагоричане (населени места: Алгуња, Аљинце, Арбанашко, Бајловце, Брешко, Буковљане, Војник, Враготурце, Врачевце, Дејловце, Длабочица, Добрача, Драгоманце, Дренок, Жегљане, Жељувино, Канарево, Карловце, Коинце, Кокино, М‘гленце, Макреш, Малотино, Младо Нагоричане, Никуљане, Облавце, Орах, Осиче, Пелинце, Пузајка, Рамно, Руѓинце, Старо Нагоричане, Степанце, Стрезовце, Стрновац, Цветишница, Цвиланце и Челопек);
  24. Од 15.8.2022 година до 21.10.2022 година – Општина Теарце (населени места: Брезно, Варвара, Глоѓи, Доброште, Јелошник, Лешок, Непроштено, Нераште, Одри, Првце, Пршовце, Слатино и Теарце);
  25. Од 15.8.2022 година до 23.1.2023 година – Општина Тетово (населени места: Бозовце, Бродец, Вејце, Вешала, Гајре, Голема Речица, Ѓермо, Једоарце, Лавце, Лисец, Мала Речица, Отуње, Порој, Сараќино, Селце, Сетоле, Тетово, Фалише, Џепчиште и Шипковица);
  26. Од 15.8.2022 година до 23.9.2022 година – Општина Виница (населени места:  Блатец, Виница, Виничка Кршла, Градец, Грљани, Драгобраште, Истибања, Јакимово, Калиманци, Крушево, Лаки, Лески, Липец, Пекљани, Трсино, Црн Камен и Трстија);
  27. Од 5.9.2022 година до 26.10.2022 година – Општина Врапчиште (населени места: Врановци, Врапчиште, Галате, Горјане, Градец,  Добри Дол, Ѓуѓевиште, Зубовце, Калиште, Ломница, Неготино-Полошко, Ново Село, Пожаране, Сенокос и Топлица);
  28. Од 12.9.2022 година до 27.10.2022 година – Општина Желино (населени места: Горна Лешница, Групчин, Добарце, Долна Лешница, Желино, Копачин Дол, Ларце, Луковица, Мерово, Ново Село, Озормиште, Палатица, Рогле, Седларево, Стримница, Требош, Церово и Чифлик);
  29. Од 15.8.2022 година до 30.8.2022 година – Општина Зрновци (населени места: Видовиште, Зрновци и Мородвис).

Ангажирани овластени геодетски работници кои ќе ги вршат теренските работи на територијата на наведените општини, во соодветниот период ќе носат соодветна легитимација за идентификација.

Агенцијата за катастар на недвижности апелира до одговорните од локалната самоуправа и од месното население да им излезат во пресрет на овие овластени геодетски работници, затоа што завршувањето на овој процес е во интерес на комплетирањето со податоци на Графичкиот регистар за улици и куќни броеви, како дел од Адресниот регистар.