Претставници на Јапонската агенција за меѓународна соработка (JICA) во посета на Агенцијата за катастар на недвижности

Претставници на Јапонската агенција за меѓународна соработка (JICA) во посета на Агенцијата за катастар на недвижности

Претставници на Јапонската агенција за меѓународна соработка (JICA) – г-ѓа Мана Нагашима од балканската канцеларија на JICA во Белград и г. Сашо Димитров од канцеларијата на JICA во Скопје, на 11.7.2022 година ја посетија Агенцијата за катастар на недвижности.

На средбата се разговараше за досегашната поддршка која што JICA ѝ ја даваше на Агенцијата за катастар на недвижности во изминатите скоро две децении, преку реализацијата на повеќе значајни проекти, пред сè во доменот на картографијата.

На средбата, директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, г. Борис Тунџев, истакна дека ја цени исклучителната соработка во изминатите години, преку реализација на повеќе развојни проекти. Тој потенцираше дека Јапонската влада преку Јапонската агенција за меѓународна соработка (JICA) во изминатиот период има дадено голем допринос во развојот на АКН, но и на целото македонско општество.

Агенцијата за катастар на невижности е благодарна за целокупната поддршка на Јапонската влада и се надева дека во периодот што следува соработката ќе продолжи на обострано задоволство, во интерес на просперитетот на целото општество.