Конференција 95 години геодетски премер и 75 години геодетска управа, 13 – 15 октомври 2022 година, Скопје

Конференција 95 години геодетски премер и 75 години геодетска управа, 13 – 15 октомври 2022 година, Скопје

По повод јубилејот 75 години геодетска управа и 95 години геодетски премер во Република Северна Македонија, Агенцијата за катастар на недвижности организира конференција која ќе се одржи во Скопје, од 13 до 15 октомври 2022 година.

Целта на оваа конференција е да се одбележат двата важни јубилеја, 75 години геодетска управа и 95 години геодетски премер во Република Северна Македонија, но и да се разменат искуства од областа на катастарот на недвижности и инфраструктурата на просторни податоци меѓу земјите од регионот и пошироко. Ова ќе придонесе да се воспостави модерен и функционален катастар кој ќе ги гарантира сопственоста и развојот на пазарот на недвижности, ќе го подобри урбанистичкото планирање, ќе ја развие инфраструктурата, ќе ја подобри животната средина, ќе ги олесни процедурите за граѓаните и ќе ги подобри сервисните услуги за бизнис-заедницата и за професионалните корисници.

Агенцијата за катастар на недвижности планира да отпечати зборник на трудови кој дополнително ќе ја збогати оваа конференција. Рокот за пријавување апстракти е до 5 јули 2022 година, а по прифаќањето на темата на апстрактот, рокот за доставување на трудот е до 8 август 2022 година. Повеќе информации за роковите можете да најдете на следнава врска важни рокови.

За дополнителни информации во врска со настанот, за агендата и деталите за сместување, Ве покануваме да се информирате на следната веб – страница, подготвена исклучиво за овој настан: http://konferencija2022.katastar.gov.mk/

Покрај информациите кои можете да ги најдете на горенаведената веб-страница, за повеќе детали во врска со конференцијата можете да се обратите и на официјалната адреса на е-пошта за конференцијата: konferencija2022@katastar.gov.mk, или на телефонот за контакт: ++389 2 3204 816

Рокот за рана регистрација е до 15 август 2022 година.

Агенција за катастар на недвижности