Од 15 до 17 мај 2022 година во Сараево, Федерацијата Босна и Херцеговина се одржа редовното Генерално собрание на EuroGeographics

Од 15 до 17 мај 2022 година во Сараево, Федерацијата Босна и Херцеговина се одржа редовното Генерално собрание на EuroGeographics

Во Сараево од 15 до 17 мај 2022 година се одржа Генералното собрание на EuroGeographics, кое беше поздравено од премиерот на Федерацијата БиХ, г. Фадил Новалиќ, министерка за цивилни работи на Босна и Херцеговина г-ѓа Анкица Гудељевиќ и директорот на Федералната геодетска управа г. Жељко Обрадовиќ во своите говори ја истакна важноста од уредувањето и управувањето со геопросторните податоци, потребата од точни податоци за недвижностите и организирањето на  квалитетна земјишна администрација.

На конференцијата, присуствуваа 100 учесници од 38 земји.

Покрај редовниот избор на новите членови на управувачкиот одбор, одобрувањето на годишната  програма за работа и финансискиот план на здружението, учесниците на конференцијата разговараа и за предизвиците со кои се соочуваат администраците во Европа.

Беа одржани  бројни презентации и тркалезни маси,  на кои беа обработени теми поврзани со влијанието на современите технологии, промената на потребите на корисниците за податоци и нови услуги. Беше нагласено дека процесите што  се реализираат во рамките на катастарско-геодетските администрации во европскиот регион треба  да се интегрираат  во поширокиот екосистем на социјални податоци, па затоа е од клучно значење да се обезбеди соработка и интероперабилност на  просторните податоци и услуги со други институции што подразбира пред се брзо менување на деловното опкружување  и постојано и флексибилно прилагодување  кон потребите на корисниците.

EuroGeographics е единствена асоцијација (мрежа) на организациите од јавниот сектор кои се  надлежни во управувањето со геопросторни информации. Силата на EuroGeographics лежи во нејзиното  големо членство. Асоцијацијата  претставува  66 институции за геодезија, катастар и регистрација на земјиште од 44 земји  во поширокото опкружување на  географска Европа и нејзината улога пред се  е да помогне во спроведувањето на политичките програми на Европската Унија, европските чинители и нејзините членки  преку  воспоставување на  интерактивна мрежа на размена на знаења и искуства од областа на земјишната администрација.