Посета на Републичката Управа за геодетски и имотно-правни работи на Република Српска

Посета на Републичката Управа за геодетски и имотно-правни работи на Република Српска

Во рамките на потпишаниот Меморандум за соработка, делегација на Агенцијата за катастар на недвижности на Република Северна Македонија реализираше посета на Републичката Управа за геодетски и имотно-правни работи на Република Српска. Целта на посетата беше размена на искуства во однос на скенирањето на архивската граѓа и воспоставувањето на дигиталната архива.

Беше посетена подрачната единица во Бања Лука на Републичката Управа за геодетски и имотно-правни работи на Република Српска, каде на лице место беше презентирана организацијата на работата и работните процедури. На работниот состанок за воспоставување на институционалната соработка во овој сегмент, беа споделени искуства и техничка документација помеѓу двете сродни институции. Позитивните искуства на колегите од Република Српска ќе ѝ помогнат на Агенцијата за катастар на недвижности да го забрза процесот на скенирање и дигитализација на архивските документи и воспоставување на дигитална архива.

Директорите на  двете институции истакнаа дека аналогната архивска граѓа претставува важен аспект во функционирањето на овие две сродни институции, основа за стабилно општество и заштита на законските права на граѓаните, но дека единствено со воспоставување на систем на дигитална архива овие документи можат да се сочуваат. Дигиталната архива е клучна компонента на идниот развој на уредениот систем на земјишна администрација.