Македонска делегација оствари студиска посета на Геодетската управа на Република Словенија во Љубљана

Македонска делегација оствари студиска посета на Геодетската управа на Република Словенија во Љубљана

Во рамките на потпишаниот Меморандум за соработка помеѓу Агенцијата за катастар на недвижности на Република Северна Македонија и Геодетската управа на Република Словенија, тричлена македонска делегација оствари студиска посета на Геодетската управа на Република Словенија во Љубљана.

Со словенечките колеги беа споделени искуствата од процесот на скенирање и дигитализацијата на архивската граѓа и воспоставувањето на дигиталната архива, а посебно беше разговарано за словенечкото искуство со воспоставувањето и примената на нивната национална комбинирана геодетска мрежа од Нулти ред. Колегите од Словенија се автори на студијата за Република Севрна Македонија, која дава добра основа за континуирана работа со воспоставување на комбинираната национална геодетска мрежа, која покрај стандардните геодетски цели ќе служи и за следење на геодинамиката на територијата на државата.

Во рамките на посетата беа споделени искуства и техничка документација помеѓу двете сродни институции.

Македонската делегација го изрази задоволството дека Агенцијата за катастар на недвижности на Република Северна Македонија, во иднина ќе ги користи позитивните искуства на словенечките колеги во однос на воспоставувањето на националната комбинирана геодетска мрежа од Нулти ред.