Агенцијата за катастар на недвижности добитник на наградата „еКомерц“ за Владино решение во областа на онлајн услуги и плаќање

Агенцијата за катастар на недвижности добитник на наградата „еКомерц“ за Владино решение во областа на онлајн услуги и плаќање

Агенцијата за катастар на недвижности ја доби првата награда „еКомерц“ за Владино решение во областа на онлајн услуги и плаќање. За оваа категорија можea да се номинираат оние владини решенија во областа на онлајн услугите и онлајн плаќањата кои прават разлика на пазарот за е-трговија.

Организатор на натпреварот „Ecommerce Awards 2021“ е Асоцијацијата за е-трговија на Македонија. Според организаторот, со изборот на најдобрите во е-трговијата, ќе се препознаат и наградат најдобрите, ќе се придонесе за промоција на е-трговијата и ќе се подигне свеста за нејзиниот потенцијал, а од друга страна ќе се придонесе кон зајакнување на конкурентноста и охрабрување и мотивирање на е-трговците за подобрување и унапредување на нивното работење. Оваа иницијативата ќе придонесе во изградбата на довербата кај потрошувачите, владите и бизнисите за потенцијалот на електронската трговија.

На свеченоста за доделување на наградите, одржана на 10 Март, 2022 година, директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, г. Борис Тунџев ја прими плакетата за освоеното прво место. Според него, чест е да се биде меѓу првите, а со добивањето на оваа награда Агенцијата за катастар на недвижности ќе има силен поттик да биде уште подобра во своето работење и да вложува во современиот начин на тргување кој ширум светот постојано расте и се развива.  

Агенцијата за катастар на недвижности им благодари на сите за искажаната доверба, која за нас претставува особена чест и поттик како и обврска, во иднина, во вистинска смисла да бидеме сервис на граѓаните.