АКН номинирана за наградата „еКомерц“

АКН номинирана за наградата „еКомерц“

Агенцијата за катастар на недвижности е номинирана за наградата „еКомерц“ за Владино решение во областа на онлајн услуги и плаќање.

Организатор на натпреварот „Ecommerce Awards 2021“ е Асоцијацијата за е-трговија на Македонија. Целта на иницијативата е да се промовира е-трговијата, да се влијае на свеста за нејзиниот потенцијал, да се придонесе во зајакнување на конкурентноста и да ги охрабри и мотивира постојните и идни е-трговци за подобрување и унапредување на нивното работење.

До 10 февруари 2022 година, за номинираните може да го дадете својот глас, преку веб страницата:

 https://ecommerceawards.mk/nominirani/