Нова, современа апликација на еКат Шалтер

Нова, современа апликација на еКат Шалтер

Агенцијата за катастар на недвижности следејќи ги новите ИТ технологии на светско ниво, после подолг период на функционирање на системот наменет за професионалните корисници, направи негова целосна надградба. Новиот интерфејс на апликацијата – еКат Шалтер е попрегледен, поедноставен и лесен за користење, а надградбата ги следи најсовремените трендови за онлајн купување на податоци.

Со направената надградба на апликацијата – еКат Шалтер целосно се олеснува начинот на користење на системите, се скратува времетраењето на процесот на купување на податоци, како и поднесувањето на барање за промени. Крајните корисници пак, ќе имаат зголемена работна површина на која ќе можат да работат.

Со новата верзија крајните корисници имаат можност во рамките на една нарачка да добијат повеќе имотни листови, копија од катастарски план и други услуги за издавање на податоци во рамките на едно катастарско одделение, или повеќе катастарски одделенија. На една маска ќе имаат можност да ги внесат сите потребни податоци за формирање на барањето и да добијат еден или повеќе производи во рамките на една нарачка.

За поуспешно користење на системот, Агенцијата за катастар на недвижности и во овој период организира онлајн обуки за користење на новата верзија на еКат Шалтер кои се наменети за професионалните корисници.

Системот со направената надградба на апликацијата – еКат Шалтер ќе биде ставен во употреба во првиот квартал од 2022 година.