Соопштение за одземени овластувања на Комората

Соопштение за одземени овластувања на Комората

Почитувајќи ги позитивните законски прописи и Законот за катастар на недвижности, Агенцијата за катастар на недвижности соопштува дека од 10.12.2021 година ќе ги врши работите поврзани со издавање и со одземање лиценца за вршење геодетски работи, и тоа најмногу до една година, кои досега ги извршуваше Комората на трговци поединци, овластени геодети и трговски друштва за геодетски работи како пренесени јавни овластувања.

Врз основа на фактот дека Комората на трговци поединци, овластени геодети и трговски друштва за геодетски работи ги извршува работите кои се однесуваат на одземањето лиценци за вршење геодетски работи и покрај укажувањата на Агенцијата за катастар на недвижности за доследно спроведување на Законот за катастар на недвижности не ги почитуваше, односно ги повреди законските одредби, Агенцијата за катастар на недвижности донесе решение за одземање на јавните овластувања на Комората во делот кој се однесува на  издавање и на одземање лиценца за вршење геодетски работи.

Приоритет, цел и определба на Агенцијата за катастар на недвижности е да се обезбеди доследно почитување на законските одредби при издавањето на лиценците на трговци поединци, овластени геодети и трговски друштва за геодетски работи, но исто така и да го заштити јавниот интерес.

Заинтересираните правни лица – трговци поединци, овластени геодети и трговски друштва за геодетски работи ги поднесуваат барањата со потребните документи за издавање лиценца за вршење геодетски работи до архивата на Агенцијата за катастар на недвижности.