Одржана работилница за адресен регистар

Одржана работилница за адресен регистар

На 7 декември 2021 година, се одржа работилница во врска со адресниот регистар, на која колегите од Федерацијата на Босна и Херцеговина разменија искуства со колегите од Агенцијата за катастар на недвижности на Република Северна Македонија. Активни учесници на обуката беа и претставниците од шведскиот катастар Лантматериет. Работилницата беше реализирана во рамките на проектите „Соработка за дигитална демократија“ и ЦИЛАП, финансирани од Шведската Агенција за мeѓународна развојна соработка – СИДА.

Главните разгледани теми беа: што после прибирањето на податоците, како тие ќе се одржуваат и ажурираат, како ќе се обезбедуваат и користат адресите во општеството и дали во конечниот збир од адреси ќе бидат вклучени и информациите за адресите кои претходно, во минатото, фигурирале?

Потоа, беа разгледани темите кои се директно релевантни за адресниот регистар, како тоа кои сè институции се вклучени во процесот. Покрај општините, дали е вклучен и катастарот, поштите и слично, потоа кој ги внесува податоците во соодветната програма и кој ќе ја има понатаму одговорноста да ги одржува адресните податоци. За македонските колеги посебно беше интересно да го слушнат искуството од колегите од Босна и Херцеговина во врска со законските норми и дали со овие податоци понатаму ќе раководат општините, за кои беше речено дека во Северна Македонија покажуваат слаб интерес да се вклучат во процесот.

Претходно наведените почетни дилеми, во врска со прибирањето на теренски податоци на улици и куќни броеви, беа надополнети со прашањата за тоа, како понатаму ќе се користат овие адреси, за што и кому ќе му користат и дали ќе бидат во вид на отворени податоци, дали за услугите би се плаќало, каков ќе биде механизмот на споделување и слично.