Учениците од средното економско и правно училиште „Арсени Јовков“ на пракса во АКН

Учениците од средното економско и правно училиште „Арсени Јовков“ на пракса во АКН

Средното економско и правно училиште „Арсени Јовков“ од Скопје и Агенцијата за катастар на недвижности склучија договор за соработка кој предвидува изведување на практичната обука во АКН. Таа е задолжителна за учениците од трета година. „Учење преку работа кај работодавач“ е практична обука предвидена во наставната програма, одобрена од Министерството за образование и наука. Нејзина цел е учениците да се стекнат со вештини на работа во реалниот живот.

Учениците, идни економски техничари, бизнис администратори и правни техничари, ќе стекнат искуство и ќе бидат обучувани за практично работење од страна на ментори во АКН. Агенцијата широко ги отвори вратите за идните професионалци од наведените струки и се надева дека ќе биде уште една нишка во нижењето на животното и професионално искуство на овие млади луѓе.

Се надеваме дека оваа соработка помеѓу установата за стручно образование Средно економско и правно училиште на Град Скопје „Арсени Јовков“ и Агенцијата за катастар на недвижности ќе биде трајна, ефикасна и континуирана и дека заеднички ќе придонесеме во развојот на стручното образование и обука, преку усовршувањето и оспособувањето на учениците.