Шведска мисија во рамките на проектот „Соработка за дигитална демократија“

Шведска мисија во рамките на проектот „Соработка за дигитална демократија“

Во Агенцијата за катастар на недвижности, во тринеделна мисија, во рамките на проектот „Соработка за дигитална демократија“, присуствува претставник од шведскиот катастар Лантматеријат. Проектот „Соработка за дигитална демократија“ е сочинет од компонентите: Адресен регистар, НСДИ, Геодезија, ИТ и Скен центар, како и делот на комуникации. За секоја од овие компоненти ќе биде разгледан досегашниот прогрес на проектните активности од работниот план, ќе бидат сумирани досегашните постигнати резултати и исто така, поединечно со секоја компонента ќе биде разговарано за идните активности.

Ова е прва мисија со физичко присуство, по мерките кои беа преземени во врска со корона вирусот. Во нејзините рамки ќе биде презентирана Нацрт-студијата за воспоставување на комбинирана геодетска мрежа на територијата на Република Северна Македонија. Ќе биде презентирано словенечкото искуство со воспоставувањето и примената на нивната национална комбинирана геодетска мрежа и ќе биде прикажан прогресот во изработката на Нацрт-студијата за воспоставување на Комбинирана геодетска мрежа на територијата на Република Северна Македонија.

Исто така, ќе бидат посетени неколку подрачни одделенија на Агенцијата за катастар на недвижности, ќе биде претставен процесот на теренско прибирање на податоци, ќе се направат серија состаноци со засегнатите страни, како и повеќе онлајн состаноци помеѓу нашите претставници од АКН и Шведските претставници од другата страна, со што, меѓу другото, ќе бидат споделени и искуства од Шведска поврзани со процесот на дигитализација на услугите.

Во рамките на мисијата, според предвидениот план, ќе биде одржан и Управниот одбор на Проектот. Претходниот беше одржан во јуни 2021 година. На состанокот на Управниот одбор ќе присуствува и Заменик директорот на Лантматериет – Андерс Сандин. Вообичаено, состанокот ќе го води претседателот на Управниот одбор и директор на Агенцијата за катастар на недвижности на Република Северна Македонија, Борис Тунџев, а ќе бидат сумирани досегашните активности и ќе бидат дадени насоки за понатамошно остварување на предвидените активности.