Денот на ГДи (GDI Solution Day), кој се одржува веќе 32 години во континуитет, годинава беше со тема „Мисли и делувај сега!“ Или, со други зборови, како да се осигура одржлива иднина со користење на напредните технологии, човековото знаење и креативност.
Во рамките на Денот на ГДи, покрај вебинарот насловен: Дигитална трасформација за зелена иднина, беше доделена и меѓународната ГДи награда и тоа на корисниците или партнерите кои со својата иновативна имплементација на ГДи решенија, оствариле посебен придонес во дигитализацијата на индустријата, јавната управа, заштитата на околината или општеството во целина.
Претседателот и генералниот директор на ГДи групацијата, Боран Лончариќ, во оваа прилика рече: „Годишен добитник во подрачјето на јавната управа е Агенцијата за катастар на недвижности на Северна Македонија, Агенција која навистина постигна нешто што ја издигна Северна Македонија на ниво кое реално пружа многу добра основа, а можеби се подобри и од некои земји на Европска Унија. На пример, целосното Лидер снимање на поголемиот дел на Македонија е изведено уште пред неколку години, порталите се на располагање, податоците се користени од остатокот на јавната управа. Им благодариме“.
Од прогласувањето на наградените: https://youtu.be/t_xOe0KoJyc
(За АКН од 3 минути и 22 секунди на видеото).