Работилница за Oтворени податоци

Работилница за Oтворени податоци

Во рамките на проектот „Соработка за дигитална демократија“ на 22 септември 2021 година ќе се одржи работилница на тема „Отворени геопросторни податоци – искуство од Шведска“.  На работилницата презентација ќе одржи Дејвид Боман експерт од шведскиот катастар Лантматериет.

Заради примена на препораките на Владата на Република Северна Македонија за заштита од вирусот COVID 19, работилницата ќе се одвива онлајн преку платформата ЗУМ.

На работилницата ќе учествуваат претставници од субјектите кои го сочинуваат НИПП. Други заинтересирани лица може да добијат информации за учество на работилницата преку е-пошта: nipp@katastar.gov.mk