Работилница во која беа споделени искуствата од холандскиот катастар за Адресниот регистар

Работилница во која беа споделени искуствата од холандскиот катастар за Адресниот регистар

„Адресен регистар“ и „Адресниот регистар како дел од НИПП“, беа темите на работилницата која се одржа онлајн на 15 јули 2021 година, во рамките на проектот СПАТИАЛ 2, „Зајакнување на професионалниот пристап до информациите за земјиштето во регионот на Западен Балкан“.

Винсент Верхеиј и Жанет Сторм ги пренесоа искуствата од Холандскиот катастар во однос на воспоставувањето на Адресниот регистар во нивната земја. Од наша страна учество зедоа прет-ставници од секторот за геоматика и секторот за Националната инфраструктура на просторните податоци во Република Северна Македонија – НСДИ, како и вклучените државни советници.

Во опсежната презентација, Жанет Сторм целосно го преслика холандскиот модел на Адресен регистар кој предизвика посебно внимание кај учесниците во обуката од македонска страна. Дополнително, посебен интерес предизвика можноста за имплементација на позитивното искуство од Холандија, во Северна Македонија.