Одржана работилница во која се пренесени искуствата од холандскиот катастар за институционалниот развој

Одржана работилница во која се пренесени искуствата од холандскиот катастар за институционалниот развој

Втората обука во рамките на проектот СПАТИАЛ 2, „Зајакнување на професионалниот пристап до информациите за земјиштето во регионот на Западен Балкан“, која се одржа онлајн на 22 јули 2021 година, беше на тема „Институционален развој“.

Холандските колеги Винсент Верхеиј и Дик Ертинк, ги пренесоа своите искуства во врска со тоа како е организиран Холандскиот катастар во однос на ценовната политика, отворените податоци, како отворените податоци влијаат врз буџетот, каков е односот на авторските права со отворените податоци и слично, пред колегите од Северна Македонија, односно пред државните советници во Агенцијата за катастар за недвижности кои се вклучени во овие процеси, а кои воедно работат на законската регулатива кај нас.

Холандското искуство ќе биде можност нашите учесници да црпат идеи за примена во нашите нови законски текстови, кои се однесуваат на регулирањето на геодетската дејност и катастарот на недвижности, но и на самата организација и начинот на функционирањето на АКН.