Обука во врска со активностите за воспоставување на Графичкиот регистар на улици и куќни броеви со општина Чашка.

Обука во врска со активностите за воспоставување на Графичкиот регистар на улици и куќни броеви со општина Чашка.

Вториот состанок, обука во врска со активностите за воспоставување на Графичкиот регистар на улици и куќни броеви, кој е основа за формирање на Адресен регистар, се одржа онлајн на 20 јули 2021 година со општина Чашка. Агенцијата за катастар на недвижности, овие активности ги спроведува во рамките на проектот Соработка за дигитална демократија.

Обуката се однесуваше на активностите кои ќе ги имаат општините при потврдување и валидација на податоци добиени при теренско прибирање на податоци, кои понатаму ќе бидат основата на адресниот региостар, а беше спроведена од страна на компанијата изготвувач на мобилната/таблет апликација и ВЕБ-ГИС апликацијата. Првиот дел беше посветен на промените во атрибутите на податоците за улиците, уличните сегменти и куќни броеви, а вториот на извршувањето на промените во графиката и нивното потврдување.

За валидација на улиците при проверка и корекција на атрибутните податоци беа разгледани три можни примери и тоа постапката кога е утврдено дека податоците за улиците се коректно прибрани и се врши нивно потврдување; кога треба да се направи промена на името на улицата со избор на постоечка листа на улици и кога треба да се направи промена на името тна улицата со име кое не постои во листата на улици.

За корекции на графиката во процесот на валидација, беше прикажан начинот на исцртување на улични сегменти како и корекцијата на постоечките, како да се внесе нова точка или да се избрише или помести постоечката.

Понатаму, беа нотирани надлежностите при вршење на корекции, како и внесување на нови адресни податоци за улиците и куќните броеви кои се во надлежност на општините, за на крај да бидат прецизирани понатамошните обврски и задолженија.