EUREF 2021 СИМПОЗИУМ

EUREF 2021 СИМПОЗИУМ

Во периодот 26-28 мај 2021 година, во Љубљана (Словенија) се одржа редовен годишен симпозиум на EUREF, на кој што активно учество зедоа околу 150 учесници од голем број европски земји, меѓу кои и Република Северна Македонија.

Учесници на симпозиумот од Агенцијата за катастар на недвижности беа Сашо Димески, Бранкица Стојановска и Сречко Тасевски, претставници од Секторот за геодетски работи.

За прв пат симпозиумот беше организриран виртуелно со користење на Zoom Meeting апликацијата.

Во делот на националните извештаи Република Северна Македонија имаше своја презентација во рамките на која беа прикажани најновите достигнувања во доменот на основните геодетски работи. Со презентацијата беа опфатени надградбата на МАКПОС системот, новата МАКРЕФ ГНСС кампања, поврзувањето на новата нивелманска мрежа од висока точност со Обединетата европска нивелманска мрежа (UELN), одредувањето на прецизен геоид за територијата на Република Северна Македонија, како други активности рализирани во последните две години.

EUREF симпозиумот се одржува еднаш годишно во форма на форум на кој што се дискутираат најновите достигнувања во областа на геодетските референтни системи и се донесуваат одредени резолуции.

EUREF

EUREF претставува под-комисија на IAG (Internacional Association of Gedesy) одговорна за европските геодетски референтни системи. Под-комисијата EUREF е формирана во 1987 година на генералното заседание на IUGG (Internacional Union of Geodesy and Geophisics), одржано во Ванкувер – Канада.

EUREF како непрофитабилна организација е одговорна за дефинирање, реализација и одржување на европските геодетски референтни рамки – геодетската инфраструктура за мултинационални проекти во кои се бара прецизно геореференцирање.