Tеренско прибирање на графички и атрибутни податоци за улици и куќни броеви, во функција на воспоставување на Графичкиот регистар на улици и куќни броеви во 21 општина

Tеренско прибирање на графички и атрибутни податоци за улици и куќни броеви, во функција на воспоставување на Графичкиот регистар на улици и куќни броеви во 21 општина

Агенцијата за катастар на недвижности, продолжува со активностите за воспоставување на Графичкиот регистар на улици и куќни броеви, кој е основа за формирање на Адресен регистар во Република Северна Македонија.

Во рамките на проектот „Соработка за дигитална демократија“, финансиран од Кралството Шведска, продолжува теренското прибирање на графички и атрибутни податоци за улици и куќни броеви, во функција на воспоставување на Графичкиот регистар на улици и куќни броеви за дополнителни 21 општина. Теренските активности ќе ги спроведува Друштвото за премер на земјиште, инженеринг и трговија Геофото Зенит инженеринг ДОО, врз основа на потпишан договор за теренско прибирање на податоци за 21 општина.

Теренското прибирање на податоци за улици и куќни броеви ќе се реализира во период од 12.04.2021 година до 09.11.2021 година, според следната динамика по општини:

  • Од 21.06.2021 година до 02.07.2021 година – Општина Пехчево (населени места Негрево, Панчарево, Пехчево, Робово, Умлена, Црник и Чифлик);
  • Од 07.06.2021 година до 14.07.2021 година – Општина Берово (населени места Берово, Будинарци, Владимирово, Двориште, Мачево, Митрашинци, Ратево, Русиново и Смојмирово);
  • Од 03.05.2021 година до 17.09.2021 година – Општина Прилеп (населени места Алинци, Беловодица, Беровци, Бешиште, Бонче, Вепрчани, Веселчани, Витолиште, Волково, Врпско, Галичани, Голем Радобил, Големо Коњари, Гуѓаково, Дабница, Дрен, Дуње, Ерековци, Живово, Загорани, Кадино Село, Кален, Канатларци, Клепач, Кокре, Крстец, Крушевица, Леништа, Лопатица, Мажучиште, Мал Радобил, Мало Коњари, Мало Рувци, Манастир, Марул, Никодин, Ново Лагово, Ореовец, Пештани, Плетвар, Подмол, Полчиште, Прилеп, Прилепец, Присад, Ракле, Селце, Смолани, Старо Лагово, Топлица, Тополчани, Тројаци, Тројкрсти, Царевиќ, Чаниште, Чепигово, Чумово, Шелеверци и Штавица);
  • Од 12.05.2021 година до 28.07.2021 година – Општина Струмица (населени места Баница, Банско, Белотино, Вељуса, Водоча, Габрово, Градско Балдовци, Дабиље, Добрејци, Дорломбос, Злешево, Костурино, Куклиш, Мемешли, Муртино, Орманли, Попчево, Просениково, Раборци, Рич, Сачево, Свидовица, Струмица, Три Води и Чепели);
  • Од 12.05.2021 година до 26.05.2021 година – Општина Свети Николе (населени места Алакинци, Амзабегово, Арбасанци, Богословец, Буриловци, Горно Ѓуѓанци, Горно Црнилиште, Горобинци, Делисинци, Долно Ѓуѓанци, Долно Црнилиште, Ерџелија, Кадрифаково, Кнежје, Крушица, Макреш, Малино, Мездра, Мечкуевци, Мустафино, Немањици, Орел, Павлешенци, Патетино, Пеширово, Преод, Ранченци, Сопот, Стануловци, Стањевци, Строиманци и Трстеник);
  • Од 12.05.2021 година до 26.05.2021 година – Општина Чучер Сандево (населени места Бањане, Блаце, Бразда, Брест, Бродец, Глуво, Горњане, Кучевиште, Мирковци, Побожје, Танушевци и Чучер Сандево);
  • Од 20.09.2021 година до 01.10.2021 година – Општина Арачиново (населени места Арачиново, Грушино, Мојанци и Орланци);
  • Од 19.04.2021 година до 10.05.2021 година – Општина Сопиште (населени места Барово, Говрлево, Горно Соње, Добри Дол, Долно Соње, Држилово, Јаболци, Нова Брезница, Патишка Река, Ракотинци, Света Петка, Сопиште и Чифлик);
  • Од 11.05.2021 година до 01.06.2021 година – Општина Студеничани (населени места Алдинци, Батинци, Вртекица, Горно Количани, Долно Количани, Драчевица, Елово, Калдирец, Малчиште, Маркова Сушица, Морани, Осиничани, Пагаруша, Рамни Габер, Студеничани, Умово, Цветово, Црвена Вода и Црн Врв);
  • Од 19.04.2021 година до 20.05.2021 година – Општина Илинден (населени места Ајватовци, Бујковци, Бунарџик, Бучинци, Дељадровци, Илинден, Кадино, Марино, Миладиновци, Мралино, Мршевци и Текија);
  • Од 21.05.2021 година до 04.06.2021 година – Општина Петровец (населени места Бадар, Блаце, Брезница, Горно Коњари, Градманци, Дивље, Долно Коњари, Катланово, Кожле, Летевци, Огњанци, Петровец, Р‘жаничино, Средно Коњари, Сушица, Ќојлија и Чифлик);
  • Од 13.05.2021 година до 05.08.2021 година – Општина Охрид (населени места Вапила, Велгошти, Велестово, Горно Лакочереј, Долно Коњско, Долно Лакочереј, Елшани, Завој, Коњско, Косел, Куратица, Лагадин, Лескоец, Ливоишта, Љубаништа, Опеница, Орман, Охрид, Пештани, Плаќе, Подмоље, Рамне, Расино, Речица, Свиништа, Сирула, Скребатно, Трпејца и Шипокно);
  • Од 16.08.2021 година до 06.09.2021 година – Општина Крушево (населени места Алданци, Арилево, Белушино, Бирино, Борино, Бучин, Врбоец, Горно Дивјаци, Долно Дивјаци, Јакреново, Крушево, Милошево, Норово, Острилци, Пресил, Пуста Река, Саждево, Свето Митрани и Селце);
  • Од 26.04.2021 година до 03.06.2021 година – Општина Гевгелија (населени места Богородица, Габрово, Гевгелија, Давидово, Кованец, Конско, Милетково, Миравци, Моин, Мрзенци, Негорци, Ново Конско, Петрово, Прдејци, Серменин, Смоквица и Ума);
  • Од 14.04.2021 година до 23.04.2021 година – Општина Дојран (населени места Дурутли, Ѓопчели, Куртамзали, Николиќ, Нов Дојран, Органџали, Севендекли, Сретеново, Стар Дојран, Фурка, Црничани, Чаушли и Џумабос);
  • Од 07.06.2021 година до 27.07.2021 година – Општина Кавадарци (населени места Бегниште, Бојанчиште, Бохула, Брушани, Бунарче, Ваташа, Возарци, Галиште, Гарниково, Глишиќ, Горна Бошава, Грбовец, Дабниште, Добротино, Долна Бошава, Драгожел, Драдња, Дреново, Кавадарци, Кесендре, Клиново, Конопиште, Кошани, Крњево, Куманичево, Мајден, Марена, Мрежичко, Праведник, Р‘жаново, Радња, Раец, Ресава, Рожден, Сопот, Страгово, Фариш, Чемерско, Шешково и Шивец);
  • Од 12.05.2021 година до 07.06.2021 година – Општина Радовиш (населени места Али Коч, Али Лобаси, Бучим, Воиславци, Дамјан, Држани, Дурутлија, Злеово, Ињево, Јаргулица, Калаузлија, Калуѓерица, Каралобоси, Караџалар, Козбунар, Коџалија, Ново Село, Ораовица, Папавница, Погулево, Подареш, Покрајчево, Прналија, Раклиш, Сариѓол, Смиланци, Сулдурци, Супурге, Тополница, Ќоселија, Худаверлија, Чесме Маале, Шаинташ, Шипковица и Штурово);
  • Од 19.04.2021 година до 18.05.2021 година – Општина Македонски Брод (населени места Белица, Бенче, Битово, Близанско, Брезница, Брест, Вир, Волче, Горни Манастирец, Горно Ботушје, Горно Крушје, Грешница, Девич, Долни Манастирец, Долно Ботушје, Долно Крушје, Драгов Дол, Дреново, Заград, Звечан, Здуње, Зркле, Ижиште, Инче, Калуѓерец, Ковач, Ковче, Косово, Крапа, Латово, Локвица, Лупште, Могилец, Модриште, Ореовец, Рамне, Растеш, Русјаци, Самоков, Сланско, Слатина, Старо Село, Суводол, Сушица, Тажево, Томино Село, Тополница, Требино, Требовље и Црешнево);
  • Од 13.04.2021 година до 30.06.2021 година – Општина Велес (населени места Башино Село, Белештевица, Бузалково, Велес, Ветерско, Горно Каласлари, Горно Оризари, Долно Каласлари, Долно Оризари, Иванковци, Карабуњиште, Крушје, Кумарино, Лугунци, Мамутчево, Новачани, Ново Село, Ораовец, Отовица, Раштани, Рлевци, Рудник, С‘лп, Сливник, Сојаклари, Сопот, Црквино, Чалошево, Џидимирци и Клуковец);
  • Од 19.04.2021 година до 12.05.2021 година – Општина Дебрца (населени места Арбиново, Белчишта, Ботун, Брежани, Велмеј, Волино, Врбјани, Годивје, Горенци, Горно Средоречие, Грко Поле, Долно Средоречие, Злести, Издеглавје, Климештани, Лактиње, Лешани, Мешеишта, Мраморец, Ново Село, Оздолени, Оровник, Песочани, Слатино, Слатински Чифлик, Сливово, Сошани, Требеништа, Турје и Црвена Вода); и
  • Од 12.05.2021 година до 17.06.2021 година – Општина Пробиштип (населени места Бунеш, Бучиште, Гајранци, Горни Стубол, Горно Барбарево, Гризилевци, Гујновци, Добрево, Долни Стубол, Долно Барбарево, Древено, Дренак, Зарапинци, Зеленград, Злетово, Јамиште, Калниште, Куково, Кундино, Лезово, Лесново, Марчино, Неокази, Пестришино, Петршино, Пишица, Плешенци, Пробиштип, Пуздерци, Ратавица, Стрисовци, Стрмош, Трипатанци, Трооло, Турско Рудари и Шталковица).

Со теренското прибирање на податоци за улици и куќни броеви ќе се соберат просторни и описни податоци за улиците и куќните броеви на лице место и ќе се добие јасна слика која улица каде се наоѓа и кои куќни броеви се однесуваат на неа, како и во кое населено место.

При извршување на теренските активности овластените геодети, ќе носат соодветна легитимација за идентификација. Ги молиме граѓаните да им излезат во пресрет со споделување на потребните информации и да овозможат фотографирање на објектите.

Од востановениот Адресен регистер придобивки ќе имаат сите државни институции, како и сите правни и физички лица во Република Македонија. Со него ќе се овозможи брз и лесен начин за пребарување и идентификација на улиците, зградите и становите во просторот, ќе се поедностават и скратат роковите за воведување на нови улици и ќе се осигура точност на податоците.