Завршен е процесот на теренско прибирање податоци во 11 општини

Завршен е процесот на теренско прибирање податоци во 11 општини

Агенцијата за катастар на недвижности во рамките на програмата ИПА доби финансиска подршка од страна на Европската Унија, за проектот „Воспоставување на Графички регистер на улици и куќни броеви за теренско прибирање на графичките и атрибутните податоци за улиците и куќните броеви“ за 11 општини во Република Северна Македонија (Боговиње; Струга; Вевчани; Куманово; Штип; Демир Хисар; Чашка; Македонски Брод; Радовиш; Кратово; Валандово).

Процесот на прибирање на податоци е завршен, односно завршено е со теренското прибирање на податоци и нивна тополошка и атрибутна контрола, како и нивната валидација според претходно зададените критериуми. Се подготвува завршниот извештај за реализацијата, во кој ќе бидат опфатени сите остварени активности.

 Агенцијата за катастар на недвижности се заблагодарува за одличната соработка со општините и за навременото информирање на месното население. И во иднина, АКН ќе ги продолжи активностите за воспоставување на Графичкиот регистар на улици и куќни броеви, кој е основа за формирање на Адресен регистар, како единствен извор на адресни информации во Република Северна Македонија, за што повторно од непроценливо значење ќе ни претставува партнерскиот однос и соработката со општините и локалното население.