Соопштение за јавна набавка за теренско прибирање на податоци

Соопштение за јавна набавка за теренско прибирање на податоци

Почитувани,

Во рамките на проектот Соработка за дигитална демократија кој е финансиран од страна на Шведската агенција за меѓународен развој – Сида,  започна  процесот на јавна набавка за теренско прибирање на податоци за улици и куќни броеви за 21 општина на територија на Република Северна Македонија, за потребите на Агенцијата за катастар на недвижности.

 Постапката  за оваа јавна набавка се спроведува согласно шведскиот закон за јавни набавки.

Lantmäteriet –    Шведската агенција за картографија, катастар и земјишна регистрација   ги поканува изведувачите да достават понуди. Тендерот е отворен за сите изведувачи кои ги исполнуваат задолжителните услови од тендерската документација.

Во прилог  достапен е  линкот кој овозможува  пристап  до потребните информации  со цел аплицирање на  јавниот повик: 2021/S 017-039139.