Почитувани,
Агенцијата за катастар на недвижности, на 23.12.2020 година (среда), со почеток од 15:00 часот, ќе ги организира третата и четвртата задолжителни обуки за 2020 година, наменети зa трговците поединци – овластени геодети, на следните теми:
- СТУДИЈА ЗА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА НОВИ СЛУЖБЕНИ ГЕОДЕТСКИ РЕФЕРЕНТНИ СИСТЕМИ;
- СТУДИЈА ЗА ИЗБОР НА НОВА ДРЖАВНА КАРТОГРАФСКА ПРОЕКЦИЈА
и - ПРОМОЦИЈА НА НОВИОТ НИПП ГЕОПОРТАЛ.
Заради примена на препораките на Владата на Република Северна Македонија за заштита од COVID 19 вирусот, обуката ќе се одвива on-line преку платформата “ZOOM“.
Целосното соопштение е достапно на следниов линк.