Управен одбор на проектот „Соработка за дигитална демократија“

Управен одбор на проектот „Соработка за дигитална демократија“

На 26 ноември, се одржа состанок на Управниот одбор на проектот „Соработка за дигитална демократија“.  Согласно мерките и препораките за заштита и превенција од КОВИД-19, состанокот се одржа онлајн.

На почетокот се обрати претседателот на Управниот одбор и директор на Агенцијата за катастар на недвижности на Република Северна Македонија, Борис Тунџев. Тој го поздрави напредокот и реализацијата на проектот и одличната работа на колегите од двете вклучени страни (Агенцијата за катастар на недвижности на Република Северна Македонија и Лантматериет од Шведска) и покрај препреките од пандемијата пред кои сме исправени.

Потоа, збор зеде заменик директорот на Лантматериет – Андерс Сандин, шведскиот претставник во Управниот одбор на проектот, кој истакна дека е задоволен од нивото на професоналноста и квалитетот што е прикажан при реализација на проектните задачи.

Покрај елаборациите на проект менаџерите од македонска и од шведска страна, шведскиот контролор на квалитет и мониторинг на проектот имаше презентација на резултатите од спроведените интервјуа, кои дадоа потврда дека проектот се движи кон очекуваните резултати.

Координаторите на секоја компонента, дел од нив и претставници на Управниот одбор: Воспоставување на Графички регистар на улици и куќни броеви – како основа за воспоставување на Адресен регистар, НСДИ, Геодезија, ИКТ, Скен центар, како и сегментот за комуникации, накратко го елаборираа напредокот и идните планови за следната година.

Во голем дел, проектот ќе го поддржи работниот план на Агенцијата за катастар на недвижности за 2021година, во областите на Воспоставување на Графички регистар на улици и куќни броеви – како основа за воспоставување на Адресен регистар, НСДИ, Геодезија, ИКТ и Скен центарот.