Агенцијата за катастар на недвижности на 4 седница на Советот на НИПП го презентираше финалното софтверско решение на новиот НИПП геопортал. Станува збор за најсовремено софтверско решение кое е базирано на „ЕСРИ платформа“ и кое овозможува преглед и користење на гео-просторните податоци преку веб ориентирани услуги и интероперабилна инфраструктура.
На НИПП геопорталот се интегрирани збирките на просторни податоци од неколку субјекти во НИПП, имплементирани се „ISO/OGC“ стандардите за просторни податоци, како и правилата за спроведување на архитектура за веб-мрежни услуги од ИНСПИРЕ директивата.


Геопорталот содржи повеќе апликации. Прегледник на мапи – ГИС прегледник, пребарувач, каталог на метаподатоци и алатка за креирање на метаподатоци (уредувач на метаподатоци), неколку регистри, административен модул и основен „е-шоп“ модул за преземање на збирките на просторни податоци податоци преку користење на е-комерцијални услуги.
Финалното софтверско решение на новиот НИПП геопортал има значаен напредок во однос на применетата заштита и протоколите за безбедност и ќе ги исполни очекувањата на сите негови корисници.
Линк до националниот геопортал: http://nipp.katastar.gov.mk/
Линк до приказната за НИПП: https://storymaps.arcgis.com/stories/d689f397d3724271b93a467402e665af