JICA обука

JICA обука

Продолжува поддршката на Јапонската агенција за меѓународна соработка – JICA (Japan International Cooperation Agency) во преносот на знаења и градењето на капацитети на Агенцијата за катастар на недвижности на Република Северна Македонија, во областа на геодезијата.

Во тек е обука насловена „Управување и користење на националните геодетски референтни мрежи за ефикасност во премерувањето“, на која учествуваат двајца претставници од Агенцијата за катастар на недвижности, како и претставници од националните геодетски агенции на Украина, Камбоџа и Мјанмар.

Обуката е поделена во два дела. Теоретска, која се реализира во периодот од 4.11.2020 до 18.11.2020 година и практичен дел, кој ќе биде организиран во периодот од 25.1.2021 до 29.1.2021 година. Обуката изобилува со презентации, видеа и стручни дискусии од доменот на основните геодетски работи и управувањето со националните геодетски референтни мрежи.

Поради пандемијата со Coved 19 вирусот, сите активности во рамките на оваа обука се одвиваат онлајн.