Јавен повик

Јавен повик

Врз основа на член 42 став 3 од Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост (“Службен весник на Република Македонија” бр. 78/15, 106/15, 153/15, 190/16 и 21/18 и “Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 101/19 и 275/19), Одлуката за давање согласност за спроведување постапка за избор на правно лице кое врши дејност или поседува дозвола за собирање и/или транспортирање, преработка, рециклирање и уништување на отпад на Владата на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 225/20 од 18.9.2020 година) и Одлуката за давање согласност за спроведување постапка за избор на правно лице кое врши дејност или поседува дозвола за собирање и/или транспортирање, преработка, рециклирање и уништување на отпад на Владата на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 269/20 10.11.2020 година), Агенцијата за катастар на недвижности објавува

ЈАВЕН ПОВИК

за избор на правно лице кое врши дејност или поседува дозвола за собирање и/или транспортирање, преработка, рециклирање и уништување на отпад

Критериум за избор на правно лице е рокот за преземање на движните ствари предмет на јавниот повик.

Преземањето на движните ствари е без надомест.

Избраното правно лице на јавниот повик има обврска да изврши преземање на движните ствари- електронска, електрична и информатичка опрема, како и канцелариска опрема, предмет на јавниот повик од наведените локации и истите да ги транспортира како отпад на соодветен начин, согласно со законските прописи.

Движните ствари се наоѓаат на локации во генералната дирекција во Скопје, Центарот за катастар на недвижности во Скопје, како и во подрачните одделениа за катастар на недвижности во Берово, Битола, Велес, Виница, Дебар, Кавадарци, Кочани, Кратово, Крушево, Неготино, Охрид, Прилеп, Пробиштип, Радовиш, Ресен, Свети Николе, Струга, Струмица, Тетово и Штип.

Право на учество на јавниот повик имаат сите домашни правни лица, кои поседуваат важечка Дозвола за собирање и/или транспортирање, преработка, рециклирање и уништување на отпад, издадена од надлежен орган.

Лице за контакт во врска со јавниот повик е Бојан Анастасов, тел. +389 2 3204 816,  електронска адреса: b.anastasov@katastar.gov.mk или Сашо Бошески, тел. +389 075 402 918,  електронска адреса: s.boseski@katastar.gov.mk.

Подетални информации за движните ствари (листа на движни ствари), како и потребна документација во врска со јавниот повик може да се подигне лично од просториите на Агенцијата за катастар на недвижности, ул. ,,Трифун Хаџи Јанев’’ бр.4 – 1000 Скопје или електронски, преку следниот линк (Инструкција по јавен повик), објавен на веб страната на Агенцијата за катастар на недвижности.

Краен рок за доставување на пријавите за учество е 21.11.2020 година до 16:30 часот.