Одржани првата и втората задолжителна обука за 2020 година

Одржани првата и втората задолжителна обука за 2020 година

На 24 септември 2020 година, се одржаа првата и втората задолжителна обука за 2020 година, наменета за овластените геодети, согласно Годишна програма за обуки на АКН.

Обуките беа спроведени од страна на претставници на Агенцијата за катастар на недвижности, а во соработка со Градежниот факултет. Темата на обуките беше LiDAR технологијата. Поточно, двете теми кои беа презентирани беа: Законската регулатива и тарифник, кои што се однесуваат на LiDAR технологијата и Примената на LiDAR технологијата во геодезијата.

Обуката беше бесплантна и изведена онлајн, поради препораките на Владата, за заштита од Ковид 19 вирусот.

Презентацијата од одржаната обука можете да ја најдете на следниот линк.