Продолжен проектот за LiDAR премер

Продолжен проектот за LiDAR премер

Агенцијата за катастар на недвижности на Република Северна Македонија и Норвешката агенција за картографија (Statens Kartverk), за проектот „LiDAR премер на територијата на Република Северна Македонија, за изготвување на прецизни дигитални висински модели и други квантитативни и квалитативни анализи на земјината површина“, склучија Анекс на договорот за институционална соработка со кој се предвидува продолжување на времетраењето на проектот до 31.12.2021 како и проширување на буџетската рамка

Во рамки на проектот се обезбедени квалитетни LiDAR продукти (облак од точки и прецизен DTM -Digital Terrain Model и DSM- Digital Surface Model) за 11072 км2, односно за околу 46% од територијата на Република Северна Македонија.

Во тек се подготвителни активности за реализација на втората фаза на овој проект, во рамките на која се планира LiDAR снимање и на преостанатиот дел од државната територија. Планирано е во 2020 година да се изврши LiDAR скенирање на 5 нови блокови во Југоисточниот дел од државата, вклучувајќи ја и Вардарската долина, со вкупна површина од околу 3000 км2. Се планира проектот во целост да биде реализиран до крајот на 2022 година.

На сликата е прикажана државната територија за која Агенцијата за катастар на недвижности веќе располага со LiDAR податоци (северниот дел), како и на територијата која ќе биде предмет на LiDAR скенирање во втората фаза од проектот (јужниот дел).