Соопштение за полагање на испит за овластен геодет

Соопштение за полагање на испит за овластен геодет

Почитувани,

Агенцијата за катастар на недвижности соопштува дека во месец октомври 2020 година, ќе одржи испитна сесија за полагање на испит за стекнување со овластување за овластен геодет.

Првиот дел од испитот ќе се одржи на 08.10.2020 година со почеток во 10.30 часот, а вториот дел од испитот ќе се одржи на 22.10.2020 година со почеток во 10.00 часот.

Јавната база на прашања и студии на случај се достапни на следниот линк:

http://prasanja.mk/QBank/PublishQuestions/

Прописите и литературата за полагање на испитот се содржани во Програмата за полагање на испит за стекнување со овластување за овластен геодет, која е достапна на следниот линк:

http://https://www.katastar.gov.mk/pravilnici/ProgramaZaPolaganjeIspit.pdf