Информација за отпочнување на теренски активности за прибирање на просторни податоци за улици и куќни броеви

Информација за отпочнување на теренски активности за прибирање на просторни податоци за улици и куќни броеви

Агенцијата за катастар на недвижности на Република Северна Македонија, со Законот за катастар на недвижности доби надлежности да воспостави и управува со Графичкиот регистар на улици и куќни броеви.

Просторните податоци за улиците и куќните броеви, Агенцијата ги прибира од терен, за што ангажираше фирма која ќе ги собира информациите од долунаведените подрачја.

Агенцијата за катастар на недвижности на Република Северна Македонија, упатува апел до жителите од следните општини, во наведениот период да им излезат во пресрет на екипите кои ги прибираат теренските податоци, да им ги дадат потребните податоци и информации и да им овозможат фотографирање на објектите:

  1. ЛОЗОВО – од 20.1.2020 год. до 27.1.2020 год.
  2. ГРАДСКО – од 20.1.2020 год. до 27.1.2020 год.
  3. НЕГОТИНО – од 20.1.2020 год. до 19.2.2020 год.
  4. КИЧЕВО – од 22.1.2020 год. до 19.3.2020 год.
  5. КУМАНОВО – од 28.1.2020 год. до 13.4.2020 год.
  6. БИТОЛА – од 24.2.2020 год. до 04.5.2020 год.
  7. ЦЕНТАР ЖУПА – од 20.3.2020 год. до 26.3.2020 год.
  8. ДЕБАР – од 26.3.2020 год. до 10.4.2020 год.
  9. МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА – од 14.4.2020 год. до 28.4.2020 год.
  10. КОЧАНИ – од 28.1.2020 год. до 2.3.2020 год.
  11. ГОСТИВАР – од 10.2.2020 год. до 02.4.2020 год.

Од востановениот Адресен регистар придобивки покрај Агенцијата за катастар на недвижности, ќе имаат сите државни институции, како и сите правни и физички лица во Република Македонија. Со него ќе се овозможи брз и лесен начин за пребарување и идентификација на улиците, зградите и становите во просторот, ќе се поедностават и скратат роковите за воведување на нови улици и ќе се осигура точност на податоците.