Современ систем за поефикасни услуги во АКН

Современ систем за поефикасни услуги во АКН

Од 12 декември 2019 година, Центарот за катастар на недвижности – Скопје, како и подрачните одделенија во Битола, Охрид, Струмица, Куманово и Тетово го имаат во функција системот популарно наречен „земи бројче“, со кој се воведува дополнителен ред во примањето на материјалите од граѓаните. Овој систем сега функционира на вкупно 34 шалтерски места.

Системот е поврзан со најсовремена технологија, а изработен е за потребите на корисниците на Агенцијата за катастар на недвижности. Поврзан е со Агенцијата за катастар на недвижности, но и со Министерството за информатичко општество и администрација. Редовно ќе се добиваат информации на дневно, месечно и годишно ниво, за бројот на примени предмети, односно за бројот на услужени граѓани во Центарот за катастар на недвижности – Скопје, како и во одделенијата во наведените градови. Исто така, ќе можат да се добијат податоци и за времетраење на избраната услуга, време на услужување на клиентите на ниво на одделение и на ниво на вработен.

Воведувањето на овој систем се прави во интерес на подобрувањето на услугите на Агенцијата за катастар на недвижности, чија определба е да биде сервис на граѓаните на Република Северна Македонија.