Работна средба на директорот на АКН со Министерот за транспорт и врски

Работна средба на директорот на АКН со Министерот за транспорт и врски

Денеска, 12 декември 2019 година, директорот на Агенцијата за катастар на недвижности на Република Северна Македонија, Борис Тунџев, оствари работна средба со Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.

Министерот и директорот разговаа на актуелни теми и активностите кои ги презема АКН како сервис на граѓаните, за новите законски измени во Законот за катастар на недвижности, како и на оние кои престојат во однос на легализацијата, за што и најмногу се заинтересирани граѓаните.

По работната средба, Министерот Сугарески и Директорот Тунџев дадоа изјави за медиуми, на која имаше и серија на прашања и тоа најмногу во врска со новата можност за легализација на дивоградвите во нашата држава.

Министерот Сугарески информираше дека најавениот нов закон за легализација на дивоградби изградени до октомври 2019 година сè уште се дефинира. Тој набргу ќе биде доставен до Владата, но нема да создаде урбанистички хаос и да овозможи легализација на сите објекти, туку само на тие за кои ќе се исполнат условите. Тој уште еднаш ги отфрли шпекулациите дека со новиот закон ќе се направи тотатален урбанистички хаос.

Директорот на АКН, Тунџев пак, рече дека со постојниот закон се спроведени решенија за легализација на 245 544 објекти. Тој очекува со новиот закон за легализација да се направи посебен исчекор во легализацијата на инфаструктурните објекти. До сега, многу мал процент од тие објекти е запишан, а е поволност посебно за оние кои имаат инфраструктурни објекти, почнувајќи од електроенергетските компании, оние за телекомуникациски услуги и други професионални компании кои имаат сопствена инфраструктура.