Потпишан меморандум за соработка помеѓу АКН и ДКСК

Потпишан меморандум за соработка помеѓу АКН и ДКСК

Во петок, на 6 декември 2019 година, Државната комисија за спречување на корупцијата и Агенцијата за катастар на недвижности на Република Северна Македонија потпишаа меморандум за соработка.

Претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска, од една и директорот на АКН, Борис Тунџев, од друга страна, по потпишувањето на документот нагласија дека овој меморандум се носи во духот на заемната меѓуинституционална соработка, што ќе придонесе за организирана и дефинирана меѓусебна поддршка во исполнување на функционалните надлежности на учесниците.

Соработката помеѓу овие две институции ќе се реализира во областа на размената на податоци од геодетско-катастарскиот информациски систем. ГКИС е интегриран и единствен информациски систем кој овозможува прибирање, обработка, одржување, управување, користење, дистрибуција, издавање и единствен пристап до податоците од катастарот на недвижностите и другите податоци за кои е надлежна Агенцијата за катастар на недвижности.