На 14 ноември 2019 година во просториите на Агенцијата за катастар на недвижности на Република Северна Македонија беше одржана обука за начинот на воспоставување и одржување на Регистарот на преземен имот наменет за продажба.
На обуката присуствуваа претставници од банките и Управата за јавни приходи.


Беше презентиран начинот како овие институции треба да ги потврдуваат податоците за недвижностите кои се во нивна сопственост, а се наменети за продажба. Овие податоци се потврдуваат во функција на воспоставување на Регистарот, начинот на визуализација на потврдените недвижности и нивното пребарување откако Регистерот ќе биде воспоставен.