Соработката на нотаријатот и катастарот издигната на повисоко ниво

Соработката на нотаријатот и катастарот издигната на повисоко ниво

На 11 ноември 2019 година беше потпишан меморандрум за соработка помеѓу Агенцијата за катастар на недвижности на Република Северна Македонија и Нотарската комора на Република Северна Македонија.

Соработката помеѓу овие две институции посебно ќе се одвива во областа на катастарот на недвижностите и геодетско-катастарскиот информациски систем.

Соработката помеѓу нив ќе се реализира преку, размена на знаење и искуства и меѓусебна техничка поддршка, обуки на нотарите во врска со спроведувањето на Законот за катастар на недвижности, обуки за вработените во АКН, развој и имплементација на заеднички проекти од областа на катастарот на недвижностите и геодетско-катастарскиот информациски систем и слично.

Меморандумот го потпишаа претседателот на Нотарската комора, Васил Кузманоски и директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, Борис Тунџев.