Соопштение за полагање на испит за овластен геодет

Соопштение за полагање на испит за овластен геодет

Агенцијата за катастар на недвижности соопштува дека во месец февруари 2020 година, ќе одржи испитна сесија за полагање на испит за стекнување со овластување за овластен геодет.

Првиот дел од испитот ќе се одржи на 17 февруари 2020 година, а вториот дел од испитот ќе се одржи на 4 март 2020 година.

Јавната база на прашања и студии на случај се достапни на следниот линк:

http://prasanja.mk/QBank/PublishQuestions/

Прописите и литературата за полагање на испитот се содржани во Програмата за полагање на испит за стекнување со овластување за овластен геодет, која е достапна на следниот линк:

http://https://www.katastar.gov.mk/pravilnici/ProgramaZaPolaganjeIspit.pdf